Формула 1 шампионатот не започна во предвидениот термин откако се одложи трката за Големата награда на Австралија. Освен во Австралија, откажани беа и трките во Бахреин, Кина и неколку трки во Европа. Поради овие одложувања, се понеизвесно е дали ќе има регуларно првенство во Ф1.
Иако најмалку уште два месеци нема да има трки во Ф1, од Формула 1 најавија возбудувања уште овој викенд. Се работи за организирање на виртуелна трка, а повеќе актуелни возачи најавиле дека ќе учествуваат на таа трка. Би требало да се вози виртуелна трка за Големата награда на Бахреин.