Со заостанување од 13,44 секунди зад водечкиот Лукас Братен Пињеиро кој беше фантастичен (има предност од 91 стотинка пред вториот Марко Одермат, сите други имаа 1,5 секунди и повеќе послабо време од Бразилецот), македонскиот скијач Виктор Петков е на делба на 57-мото место во конкуренција на 81 натпреварувачи во велеслалом.
Исто време како Виктор имаше и Френсис Чекарели од Филипините.
Ова беше деби на Петков на Зимски олимписки игри, тој во тимот влета непосредно пред стартот на Игрите, а според правилата, ќе има уште едно возење бидејќи успеа да ја комплетира првата трка. Во Светскиот куп второ возење им се дозволува само на 30-те најдобри, но олимписките правила се поинакви, па Петков ќе го видиме уште еднаш.


