Виктор Ј. со добитен тикет со квота од 1151.2 е победникот на првата етапа од акциската понуда на Sport Life, „Играј за повеќе“ и сосема заслужено дојде до наградата од 100.000 денари.
За победа во првата етапа доволни беа 12 натпревари со квоти помеѓу 1.55 и 2.01, но и комбинација од игри на конечен тип и „гол-гол“.
„Немав некоја посебна тактика. Секогаш играм по 12 натпревари на тикет и воопшто не се надевав дека ќе дојдам до наградата. Редовно пишувам ливчиња во Sport Life, а овој пат на мое големо изненадување освен добивката на тикетот, добив и 100.000 денари од наградната игра.“ – вели Виктор.
Виктор е редовен играч на Sport Life, но вели ова е најголемата добивка што некогаш ја има освоено.
„Ова е убедливо најголемата добивка што сум ја остварил некогаш. Учествувам во сите акциски понуди на Sport Life, но првпат сум победник и благодарен сум за добивката. Играм во зависност што има во понудата и што е актуелно, но еве дури сега ми се насмевна среќата.“ – додава Виктор.
Акциската понуда на Sport Life, „Играј за повеќе“, ќе трае се до 14-ти јули и ќе бидат одиграни вкупно шест етапи во кои ќе се доделат по 100.000 денари за најуспешните во секоја од етапите поединечно.