Виктор Роке после само шест месеци си заминува од Барселона?!

Бразилскиот интернационалец, Виктор Роке, во јануари оваа година пристигна во Барселона од Атлетико Параненсе за 40 милиони евра, иако тогаш Чави Ернандес се противеше на овој трансфер, кој од претходно беше договорен.

Поранешниот тренер воопшто не го пријави 19-годишниот фудбалер за настап во Лигата на шампионите, а Виктор Роке и во Ла Лига не ги оправда очекувањата, ниту вложените средства. Забележа 16 настапи со ефект од само два гола.

Летово „каталонците“ сакаат по секоја цена да се ослободат од него, а се проценува дека можат да го продадат за 30 милиони евра. Понуда за него пристигна од екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, иако има договор со Барселона до 2031-вата година. Сега фудбалерот е на крстопат помеѓу парите и славата, па со само 19 години може да продолжи на Блискиот Исток.

Интерес за Виктор Роке има и од екипите на Бетис и Севиља, но раководството на „каталонците“ не сака да го продаде во екипа од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести