Виљареал го покори Билбао и го држи курсот за ЛШ

Виљареал продолжува со импресивните изданија оваа сезона, потврдувајќи дека го игра можеби и најдобриот фудбал во последната деценија.

Жолтата подморница славеше на тешкото гостување кај Атлетик Билбао со 1-2 и направи огромен чекор кон пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што има дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтата позиција.

Гостите први се заканија преку Гаја со силен удар од далечина, додека на спротивната страна Јури Берчиче се обиде во 22-та минута, но голманот на Виљареал беше на висина на задачата.

Резултатот беше отворен во 26-та минута по брз контранапад, Олувасеји асистираше до Кардона, кој со елегантен лоб удар погоди за 0-1.

До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, но повторно гостите беа тие што ја затресоа мрежата. По голема грешка на Ињиго Лекуе, топката стигна до Гонзалес, кој без проблеми зголеми на 0-2.

Во второто полувреме, Атлетик Билбао се врати во игра преку Горка Гурузета, кој реализираше по одлична акција иницирана од Берчиче.

До крајот, Виљареал постигна уште еден гол преку Пепе, но беше поништен поради офсајд. Сепак, тоа не го спречи тимот да освои вредни три бода и да се доближи чекор поблиску до елитата на европскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести