Фудбалерите на Виљареал остварија значајна победа на гостински терен против Валенсија со 0-2, во локалното дерби одиграно во десеттото коло од шпанската Ла Лига.
Со овој триумф, Виљареал се зацврсти на третото место со 20 бодови и сега со интерес ќе го следи исходот од утрешното Ел Класико, за да види дали ќе се доближи до Реал Мадрид, Барселона или можеби до двата ривали.
Гостите поведоа во самиот финиш на првото полувреме, кога Жерар Морено беше прецизен од белата точка за 0-1.
Лилјаците беа целосно „нокаутирани“ во 57-та минута, кога Санти Комесана постигна прекрасен погодок и ги постави конечните 0-2 во корист на Виљареал.

