Виљареал на домашен терен ја победи Мајорка со 2-1 во 13-тото коло од Ла Лига.
Ова беше четврта последовна победа за Жолтата подморница во Ла Лига, со која се искачи на третото место со 29 бода, на само два бода заостанување зад Реал Мадрид и Барселона.
Виљареал поведе многу рано, уште во шестата минута, преку Жерар Морено. Само две минути подоцна, Саму Коста израмни за Мајорка, отворајќи период на интензивна борба и тактичка игра на средината од теренот.
Клучниот момент се случи во 83-та минута, кога канадскиот фудбалер Бјуканан успеа да избегне офсајд и да ја проследи топката до својот сонародник Олувасеј, кој со прецизен удар го матираше голманот Бергстром за конечни 2-1.

