Арсенал има шампионски амбиции за новата сезона во Премиер лигата, но презентацијата на тимот на „Емирати“ не помина според очекувањата. Забавата ја расипа кој дојде во Лондон и победи со 2-3.
Микел Артета во првиот тим го уфрли и новото засилување Виктор Ѓокереш, но првиот гол на мечот го постигна Николас Пепе, најголемото трансферно промашување на Арсенал, кој сега го носи дресот на Виљареал.
Шпанскиот тим поведе и со 0-2, со голот на Ета Ејонг во 33-тата минута, а потоа намали Норгард погодувајќи во 36-тата минута.
Данџума во 68-тата минута зголеми на 1-3 и беше јасно дека Виљареал ќе стигне до триумф, а конечниот резултат го постави Мартин Одегард од пенал во 76-тата минута од дуелот.