-0.2 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Виљареал решително чекори кон ЛШ

Виљареал успеа да слави на гости против Леванте со 0-1 во одложениот натпревар од 16-тото коло во Ла Лига.

Гостите беа подобар противник во текот на средбата и во второто полувреме имаа можност целосно да го „скршат“ ривалот, но пропуштија неколку одлични шанси. Во финишот мораа да се бранат во последните десет минути, сепак успеаја да го сочуваат водството и ги однесоа трите бода на „Мадригал“.

Со оваа победа Виљареал се искачи на третото место на табелата со 48 бодови, три повеќе од Атлетико Мадрид, додека Леванте останува на претпоследната позиција со само 18 освоени бодови.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 57-та минута, кога по асистенција на Николас Пепе, Георге Микаутадзе ја затресе мрежата и го запиша својот трет погодок на последните три меча во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести