Фудбалерите на Виљареал забележаа значајна победа од 1-2 на гостувањето кај Бетис, во натпревар од 31. коло во шпанската Ла Лига. Жолтата подморница дојде до три бода на тешкото гостување на „Бенито Виљамарин“, каде ретко кој тим успева да слави.
Натпреварот започна одлично за домаќините, веќе во третата минута, Аитор Руибал на атрактивен начин го совлада Жуниор Реис и донесе водство за тимот на Мануел Пелегрини. Сепак, радоста на навивачите на Бетис не траеше долго. Во 26-та минута, по голема мешаница во шеснаесетникот, најдобро се снајде Тијерно Бери и го израмни резултатот на 1-1.
Пресвртот го комплетираше Ајозе Перез само три минути по стартот на второто полувреме. По одличната асистенција на Дани Парехо, Перез маестрално ја прими топката и прецизно го совлада голманот Адријан.
Со оваа победа, тимот на Марселино го престигна Бетис на табелата. Виљареал сега е петтопласиран со 51 бод, три повеќе од Бетис кој падна на шестата позиција.