Виљареал со триумфот над Лас Палмас се смести веднаш зад Барса и зад Реал на табелата во Ла Лига

Виљареал ја оствари петтата победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен го победи Лас Палмас со 3-1. По овој триумф, тимот на Марселино се најде на третото место на табелата, веднаш зад Барселона и зад Реал Мадрид со 17 освоени бода.

Николас Пепе донесе предност за Виљареал во 17-та минута, но гостите израмнија преку Фабио Силва на почетокот на второто полувреме.

Алекс Баена во 51-та минута не реализира пенал, но Виљареал дојде до посакуваните три бода со головите на Тиерно Бери и на Алекс Баена во финишот од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести