Виљареал и Мајорка го играат последниот натпревар од 20-тото коло на Ла Лига, а домаќините им приредија вистинско шоу на своите фанови во првиот дел. Жолтата подморница има водство од 4-0 по првото полувреме, а сите четири гола беа постигнати во период само од осум минути.
Логан Коста во 19-тата минута го отвори резултатот во корист на Виљареал, а Алекс Баена зголеми на 2-0 во 24-тата минута.
Две минути подоцна стрелаше Дани Перахо, а во 28-та минута во листата на стрелците се запиша и Јереми Пино.