Зајон Вилијамсон на првите два меча откако заигра во НБА лигата, покажа зошто толку многу со нетрпение се очекуваше неговото деби во најсилната кошаркарска лига на светот. Младиот крилен центар изненади со прецизноста во шутевите за три поени, и покажа дека знае и нешто друго освен забивања.
Првото забивање во НБА го имаше синоќа, и тоа популарен „цепелин“ по асистенција од Џру Холидеј. Ова се случи во 40-тата секунда од мечот на Њу Орлеанс пеликанс со Денвер нагетс. Зајон може и многу подобро од ова, но првиот пат најмногу се памети.
THAT'S THE ONE pic.twitter.com/vErDh1SjP0
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) January 25, 2020
Во последната четвртина, Зајон имаше монструозна блокада. Топката заврши на трибините и тоа кај еден гледач кој во рака држеше пијалок. Навивачот успеа со една рака да го фати баскетот, а со другата си ја држеше пијачката и таа не му падна.
https://twitter.com/i/status/1220904892983889921