Поранешниот репрезентативец на Бразил и ас на Челзи, Вилијан, изненадувачки се врати во европскиот фудбал и потпиша за Фулам минатото лето. Тој после седум сезони во Челзи играше и една година за Арсенал, а потоа се врати во татковината и потпиша за матичниот Коринтијанс.
Сега веќе е јасна причината за неговото враќање во Европа, а тој тоа вака го објасни:
– “Никогаш повеќе нема да се вратам во бразилскиот фудбал, никогаш повеќе. Таму секогаш сте под ужасен притисок, а сето тоа брзо станува насилство, закани кон семејството, децата … Кога до дојде до тоа, за мене се се промени во Бразил. Морам да внимавам и да го чувам семејството, тие се мојот најголем дар. Враќањето во Бразил е можно само кога ќе се пензионирам, таму повеќе нема да играм фудбал.“ – објасни поранешниот бразилски репрезентативец.
Според информациите од Островот, Фулам ќе му предложи нов договор на Вилијан и тој ќе продолжи да настапува во Премиер лигата.