Барселона во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да го ангажира крилниот офанзивец на Челзи, Вилијан. Каталонците наводно се подготвени да издвојат 20 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец, кому му истекува договорот со Сините по крајот на оваа сезона.
Клубот од Лондон додека води преговори со Вилијан околу продолжување на соработката, може да остане без клучниот играч во во финишот од јануарскиот шопинг. Како што е познато, Барселона и порано се обидуваше да го добие потписот на Бразилецот, но Челзи одби понуда од 55 милиони фунти.
Вилијан е долгогодишен член на шесткратниот англиски првак со повеќе од 300 натпревари во нивниот дрес. Оваа сезона е меѓу поефикасните играчи во составот на Лампард со четири гола и исто толку асистенции на 23 меча во сите натпреварувања.