Вилијан за 32-риот роденден објави дека си заминува од Челзи

Бразилскиот фудбалер Вилијан Боргеш да Силва, познат како Вилијан, денеска наполни 32 години и оваа прилика ја искористи за официјално да објави дека го напушта Челзи, клубот чиј дрес го носеше во претходните седум сезони. Вилијан во Челзи дојде од рускиот Анжи за 30 милиони фунти, а не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. За него се интересира градскиот ривал Арсенал.

Вилијан со Челзи двапати ја освои премиерлигата, ФА купот и Карабао купот, а еднаш Лига Европа.

„Дојде време да си одам после седум прекрасни години. Ќе ми недостасуваат моите соиграчи, ќе ми фалат и навивачите и сите од клубот кои ме третираа како син. Си одам со високо крената глава, знаејќи дека сум освојувал трофеи и сум давал максимум од себеси. Бог да ве благослови“ – напиша Вилијан, кој имаше 339 настапи за Сините во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести