Вилјареал со огромни 8-0 го делкасираше второлигашот Алмерија за пласман во следната рунда од Кралскиот куп. „Жолтата подморница“ беше предводена од Токо Екамби, кој реализираше четири од шесте погодоци на домаќинот.
Голгетерот реализираше хет-трик само за 13 минути. Неговото шоу почна од 23-тата минута, а веќе во 36-тата погоди за убедливи 3-0. Бака пред крајот на полувремето зголеми на 4-0, а со почетокот на вториот дел Екамби по четврти пат ја затресе мрежата.
Жерар Морено го замени Екамби на помалку од 25 минути пред крајот на средбата, па и тој се запиша во листата на стрелците, пред Бака од пенал да зголеми на 7-0. Конечниот резултат го постави Раба во финишот на средбата.
Севилја со минимални 1-0 против нисколигашот Вилановенсе се пласираше меѓу 16-те најдобри екипи во Кралскиот куп. Победата ја донесе Андре Силва во 49-тата минута, откако напаѓачот не погоди пенал, а одбиената топка ја смести зад грбот на голманот на гостите.
Реал Сосиедад со сигурни 2-0 ја елиминираше Селта Виго, откако по првата средба резултатот гласеше 1-1. Ојарзабал и Јанузај погодија за сигурната предност на домаќините веќе по 30 минути игра, што беше доволно за Сосиедад да се пласира во следната рунда.