Вилјареал доби два пенали во судиското продолжение, едниот го реализира и тоа во 100-та минута за победа

Фудбалерите на Вилјареал славеа со 1:0 против Жирона во рамки на 18-то коло во Ла Лига, а средбата ја одбележа судиското продолжение од 10 минути и двата досудени пенали за Жолтата подморница во него.

Гостите одлично се бранеа, иако од 79-та минута имаа играч помалку поради вториот жолт картон што значеше исклучување на Буено. И со играч помалку, гостите одолеваа на нападите на Жолтата подморница, дури го преживеаја и првиот пенал што го изведе Жерар Морено, благодарение од одличната реакција на Пауло Казанига.

Сепак, Вилјареал во 99-та минута доби уште еден пенал бидејќи Хуанпе во сопствениот шеснаесетник го влечеше противникот за дрес.

Овој пат, одговорноста ја презеде Дани Парехо кој беше сигурен реализатор и му донесе победа на својот тим.

Со победата, Вилјареал сега е сам на петтата позиција со 31 освоен бод, додека Жирона има десет бода помалку и се наоѓа на 11-то место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести