Вилјареал и Манчестер јунајтед првпат ќе си дадат гол

6021 Вилјареал – Манчестер јунајтед (21.00 часот)

Англискиот трофеен клуб е фаворит на хартија поради побогатата историја и поскапиот состав, но Жолтата подморница има еден силен адут, тоа е специјалистот за освојување трофеи во Лига Европа, Унаи Емери, па Вилјареал не треба да биде потценет. Ако победи, Вилјареал ќе игра во Лигата на шампионите и тоа им е огромна мотивација пред дуелот со Гдањск. Јунајтед е без Марсијал, Џонс и Мегваер, а кај Вилјареал ќе го нема Чуквуезе. Манчестер има серија од седум меча на кои и дава и прима гол. Овие тимови меѓусебе играле четири пати (по двапати во 2005 и 2008 година), и секогаш било 0-0.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

1801 Келн – Кил (18.30 часот)

Ова е прв од двата меча од баражот за пополнување на Бундеслигата. Јарците се домаќини и мора со било каква предност да одат на реваншот за три дена, ако сакаат да останат во прволигашкото друштво. Кил испушти огромна шанса директно да влезе во Бундеслигата, тешко ќе им биде да се опорават од шокот. Кил е тим кој играше полуфинале на купот и може да биде незгоден. Последните три меча на Кил во Цвајта завршија со резултат 3-2 или 2-3.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

3193 Борац Бања Лука – Сараево (17.00 часот)

Финалето на Купот на БиХ не би требало да донесе некој претерано ефикасен фудбал. Се игра на неутрален терен во Зеница, Борац оди по двојна круна, а Сараево ќе проба да се извади после загубеното првенство. На 17-ти април кога беше последниот нивен меѓусебен дуел, Борац победи со 2-0. Сараево надвор од својот стадион не победил уште од 7 април, и на гости ниту еднаш не дал повеќе од еден гол во оваа календарска година.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.89)

 

1960 Алтинорду – Алтај (19.00 часот)

Тука нема реванш, тој што ќе победи на дуелот во Измир, оди во турската Суперлига. Ова е изненадувачко финале на плејофот, бидејќи Алтај беше петти, а Алтинорду шести на табелата во лигашкиот дел од сезоната, но успеаја да ги елиминираат третиот и четвртиот. Алтинорду сезонава двапати го победуваше Алтај во лигашките средби со 2-1 и 3-1. Овие два тима од 2013 не играле нерешено во меѓусебните мечеви.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

3047 Авелино – Палермо (20.45 часот)

Ова е реванш од осминафиналната плејоф битка за влез во италијанската Серија Б. Палермо одвај го доби првиот меч со 1-0, со гол од пенал во финишот, и му претстои тешка борба за одбрана на минималната предност. Двата меѓусебни меча сезонава во Серија Ц завршуваа со победи на Авелино и без примен гол. Сицилијанците се во подобра форма, имаат пет победи по ред, а Авелино има низа од пет неефикасни средби едноподруго со 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.56)

- Оглас -

Најнови вести