Вилјареал ќе се бори и против проклетството, ниту еден нивен играч не победил на „Енфилд“

Вилјареал ќе има исклучително тешка задача да остане непоразен на вечерашното гостување кај Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, а и историјата го потврдува тоа.

Од актуелниот играчки кадар и од стручниот штаб што го има Жолтата подморница, ниту еден поединец нема победа на култниот стадион „Енфилд“, кој е изграден речиси пред 140 години.

Како клуб, Вилјареал само по вторпат во историјата гостува кај Ливерпул, но осуммина негови играчи плус тренерот Унаи Емери гостувале на „Енфилд“ и никогаш не победиле.

Капу (има четири меча и четири порази со гол-разлика 0-18), Коклан, Ибора, Орие, Ло Селсо, Асенхо, Тригерос, Гаспа, знаат само за порази. Емери како тренер на Арсенал, губеше од Ливерпул со 1-3 и 1-5.

И уште нешто е контра Шпанците, Ливерпул дома никогаш не загубил меч од полуфинале во Лигата на шампионите или Купот на европските шампиони.

- Оглас -

Најнови вести