Вилјареал не може да го победи ниту најслабиот тим во Ла Лига

Уеска успеа да издвои бод против Вилјареал при конечни 2-2 со гол во последната минута од мечот. „Жолтата подморница“ беше на прагот од првата победа под водство на новиот тренер Луис Гарсија, но Лонго им ја распиа забавата во 93-та минута.

Првиот гол на средбата пристигна во 44-тата минута, Кучо од белата точка донесе предност на домачините. Во вториот дел и Вилјареал доби најстрога казна, а прецизен беше Бака во 63-тата минута. Капитенот Марио Гаспар само две минути по израмнувачкиот гол ја остави својата екипа на цедило, откако заработи втор жолт картон и беше исклучен од средбата.

И со играч помалку, Вилјареал успеа да го сврти резулатот во своја корист, во 81-та минута Морено погоди за 2-1. Во моменти кога се чинеше дека гостите ќе се израдуваат на триумф, Самуеле Лонго стрелаше за конечни 2-2 во третата минута од судиското надополнување.

Само еден бод го дели Вилјареал од црвената зона на табелата, сега имаат вкупно 15 по 16 првенствени натпревари, додека Уеска со петтото овосезонско реми останува на дното со осум освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести