Вилјареал (не)му посака добредојде назад на Валјадолид во шпанската елита (видео)

Вилјареал со рутински 3-0 го надигра повратникот во шпанската елита Валјадолид, за премиерен триумф во новата сезона од Ла Лига. Жолтата подморница со мала задршка стигна до посакуваните три бода, постигнувајќи ги сите три гола во вториот дел.

Не поминаа ниту пет минути од второто полувреме, кога Џексон итро од втор план се најде пред голот на домаќините и погоди за 1-0, за во завршните десетина минути Баења со два погоди да ги реши дилемите на „Зорилја“.

Претходно Селта Виго и Еспањол ги поделија бодовите при конечните 2-2.

 

- Оглас -

Најнови вести