24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Вилјареал нема што да загуби, во Чемпионшип ќе слави домаќинот во мечот вреден над 100 милиони евра

6001 Вилјареал – Ливерпул (полуфинале во Лигата на шампионите, 21:00 часот)

Ливерпул има предност од 2:0 по првата средба и важи за фаворит и на гостувањето во Шпанија. Но, Вилјареал покажа дека е најопасен кога е отпишан од ривалите, иако сега се наоѓа во поразлична ситуација од таа против Јувентус и Баерн Минхен.

Сепак, тимот на Унаи Емери нема што да загуби на ова средба, па затоа очекуваме и многу поофанзивен меч од гостувањето на „Енфил“.

Ливерпул пак со ран гол ќе се обиде да ја исконтролира играта и без многу мака да обезбеди финале, а ние како неутрални навивачи се надеваме дека ќе гледаме одличен меч.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.02)

 

1011 Борнмут – Нотингам форест (Чемпионшип, Англија, 20:00 часот)

Ова е меч за шест бода бидејќи и двата тима со победа значително си ги зголемуваат шансите за пласман во Премиер лигата и со тоа да стават најмалку 100 милиони евра во клупската каса.

Борнмут има 82 бода и во моментов е второпласиран, додека Нотингам има 79 и е под број три, односно е на позиција којашто обезбедува пласман во баражот.

На четири од последните пет средби на домашен терен Борнмут дава најмалку два гола против Шумарите, но и не треба со голема доза на сигурност да се земе тој податок бидејќи последната средба е во 2020 година, но веруваме во домашен триумф, со кој ќе дојдат чекор поблиску до пласман во Премиер лигата.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

2701 Интер Турку – ХЈК Хелсинки (Вејкаус лига Финска, 17:00 часот)

Овие два тима пред неколку дена одиграа навистина ефикасен натпревар којшто заврши со изнеадувачки 4:1 во корист на Интер.

Тогаш домаќин беше Хелсинки, а за денеска се надеваме исто така на ефикасна средба. ХЈК триумфира на две по ред, со вкупно пет постигнати, а само еден примен гол.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.14)

 

1907 Јуниорс – Лиферинг (Втора лига Австрија, 18:30 часот)

Натпреварите од австриската втора лига редовно ни носат голем број погодоци, но за оваа средба очекуваме тие да ги нема, а имаме и добра причина за такво нешто.

На четири од последните пет натпревари гледаме од нула до два погодоци по меч (2:0, 2:0, 1:1, 1:1, 5:0).

Квотата во Sport Life за да биде од нула до два погодоци е навистина одлична и вреди да се проба.

Предлог тип: 0-2 (2.45)

 

1084 Челмсфорд – Конкорд (Национална лига југ Англија, 20:45 часот)

И двата тима се наоѓаат во долниот дел од табелата и до крајот на првенството имаат две средби, вклучувајќи ја денешната.

Сепак, опстанокот во лигата е осигурен бидејќи ранг подолу оди една екипа, а таа е Билерикеј, па затоа вечерва можеме да очекуваме голеада. Минатата нивна средба, која се одигра на крајот од 2021 година, заврши со резултат од 3:1 за Челмсфорд, и тоа на гостински терен.

Затоа головите се задолжителни и за овој меч, каде што квотата за такво нешто навистина е убава.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести