Екипата на Вилјареал, предводена од Унаи Емери по освојувањето на титулата од Лигата на Европа минатата сезона, сега го направи еден од најголемите клупски успеси.
Тие го елиминираа Баерн Минхен и се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе го дочекаат Ливерпул. Раководството на овој тим, повторно им очита лекција на големите клубови како се сакаат и се почитуваат своите навивачи.
Тие што имаат сезонски билет и овојпат ќе треба да платат само 20 евра за да го гледааат мечот, додека, пак фановите кои што се помлади од 25 години и се сезонски членови ќе можат да ја проследат средбата за само 10 евра.
Нешто слично имаше и на средбата против Баерн Минхен, а со ваквите промоции тимот покажува колку ги цени своите навивачи. За споредба, навивачите со сезонски билети на Ливерпул, Реал Мадрид или Манчестер сити ќе треба да платат најмалку по 250 евра.