Откако минатата сезона ја освои Лигата на Европа, Вилјареал сезонава продолжува со фантастичните настапи и во Лигата на шампионите.
Откако успешно го минаа Јувентус во осминафиналето, тие сега ќе играат против Баерн Минхен во четврт-финалната фаза. И додека во цела Европа цените на тикетите одат нагоре, тоа не е случај со овој тим.
Вилјареал на своите навивачи коишто имаат сезонска карта ќе им наплати само по 20 евра за тикет против Баерн Минхен.
А ако се погледне дека годишниот билет на овој тим изнесува 200 евра, тоа не е ништо во модерниот фудбал. УЕФА останатите билети за средбата меѓу Вилјареал и Баерн Минхен ќе ги наплатува од 210 евра, па нагоре.
Само за споредба, годишниот билет на Арсенал изнесува 1100 евра, а тимот веќе со години го нема на европската фудбалска мапа.