3712 Емполи – Аталанта (18.30 часот)
Емполи е најнеефикасниот тим во Серија А само со три постигнати гола во девет меча, но два од тие три гола дадоа во минатото коло, кога ја совладаа Фиорентина на гости и го напуштија дното на табелата. Аталанта се бори за излез во Европа и за нив само победа би била задоволувачки резултат. Двата тима имаат само по едно реми сезонава, двата тима играат променливо, но јасно е дека гостите се фаворити. Аталанта на последните две гостувања кај Емполи победуваше со 2-0 и 4-1, последното реми беше пред девет години.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.85)
1982 АЕК – ПАОК (18.30 часот)
Ова е дерби помеѓу два тима со еднаков број бодови и еднаков број постигнати голови по осум одиграни меча. И атињаните и солунчаните се борат за титула, а за нијанса во подобра форма е ПАОК, но дуелот се игра во Атина, кај актуелниот првак, е домашниот терен во Грција е голема предност. ПАОК нема дадено гол на последните три гостувања кај АЕК, последен пат кога Црно-белите успеаја да му дадат гол на АЕК во Атина, победија со 1-0.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.85)
3713 Лацио – Фиорентина (20.45 часот)
Лацио има две победи по ред и со нов триумф би дошол само на бод помалку од Фиорентина, која неочекувано загуби во претходното коло, но во четвртокот го разби Чукарички во европски меч. Римските Орли имаат само еден нерешен исход во девет кола сезонава, а Виолетовите имаат две ремија. Фиорентина е тим кој и дава и прима повеќе голови во споредба со Лацио. Тимот од Фиренца не победил против Лацио на „Олимпико“ уште од 2016 година.
Предлог тип: 1+I & 3+ (2.18)
1466 Гранада – Виљареал (21.00 часот)
И Гранада и Виљареал заборавија како е да се победи. Гранада има само 6 бода, Жолтата подморница прескромни 9 бода, а поминаа веќе десет кола. Гранада ја има втората најслаба одбрана во шпанската лига, досега примија 25 гола. Последната победа на Гранада беше на 26 август, а Виљареал не знае за лигашка победа од 17 септември наваму. Традицијата е на страната на гостите, Гранада девет години нема победа над Вилјареал.
Предлог тип: 2 (2.40)
1105 Ковентри – ВБА (21.00 часот)
Ковентри е во криза, има два порази по ред и само еден бод во последните три кола, додека Вест Бромич со победа би се искачил на место на табелата кое води во плејофот за влез во Премиер лигата. Ковентри е тим кој често игра нерешено, имаат шест ремија во 13 настапи, а ВБА има пет нерешени игри во 13 кола. Ковентри е тим кој ретко губи дома, а ВБА не е некој многу опасен гости.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.71)