Откако завршија квалификациите за Лигата на шампиони и Лигата на Европа, беа формирани и групите. По дознавањето на сите групи од Лигата на Европа, беше направена пресметка и за тоа како поминале клубовите според километрите кои треба да ги поминат за трите гостувања.
Германскиот Хофенхајм ќе има најкратки патувања за трите гостувања. Според пресметките Бундеслигашот нема да мора да пропатува вкупно повеќе од 2.000 километри. Од сите 48 клубови кои се дел од групната фаза во второто по ранг натпреварување на УЕФА, најлошо помина Вилјареал.
Шпанскиот тим се најде во група со Макаби Тел Авив, Карабах и Сиваспор. Тоа значи дека од Шпанија ќе мора да патува во Азербејџан, Израел и Турција. Ако се собере километражата од сите три гостувања, Вилјареал вкупно ќе треба да пропатува 11.000 килоемтри!
Колку за споредба, екипата на Вилјареал, овие 11.000 килоемтри ги поминува за цела полусезона во шпанската Примера дивисион. Првиот меч од Лигата на Европа, Вилјареал ќе го игра на свој терен на 22 октомври против Сиваспор.