Вилаш-Боаш поднесе оставка по несогласување со управата на Марсеј

Управата на Олимпик Марсеј ја прифати оставката на Андре Вилаш-Боаш, по што екипата остана без тренер.

Португалскиот стратег побарал раскин на соработката откако раководството го ангажира Оливер Нчам од Селтик во последниот ден од зимскиот преоден рок, против волјата на Вилаш-Боаш.

„Не сакам ништо од Марсеј, ниту пари, само сакам да си заминам оттука“, истакна Португалецот на денешната прес-конференција.

Последниот збор околу оставката на Вилаш-Боаш го има сопстевникот Френк Мекорт, а што се однесува до тренерот кој е во екипата од 2019 година, неговата работа во клубот е завршена.

- Оглас -

Најнови вести