Вилок и Вилсон му “пресудија“ на Манчестер Јунајтед

Екипата на Њукасл го совлада Манчестер Јунајтед со 2-0 и бодовно се израмни на табелата со денешниот противник. Двете екипи сега имаат по 50 бодови, по еден повеќе од Тотенхем, но и со по натпревар помалку од директниот конкурент за пласман во Лигата на шампиони.

Откако првиот дел заврши без голови, резултатот беше отворен во 65. минута со погодокот на Вилок. Конечниот резултат го постави Вилсон во 88. минута.

- Оглас -

Најнови вести