Навивачите кои се на трибините и во живо ги следат мечевите од престижниот тениски гренслем-турнир Вимблдон преку социјалните мрежи откриваат колку е скапо да се нарача нешто за пиење или јадење додека трае мечот.
Дека присуство на Вимблдон преставува престиж, е општо познато, но цените за работите кои може да се купат за јадење или пиење додека се гледа еден меч втроглаво се пораснати.
Една пластична чаша со пиво чини 7,1 фунти односно 500 денари, додека ако сакате да каснете пилешко и помфрит, ќе мора да издвоите речиси 800 денари, односно 11 фунти.
£7.10 Pint… pic.twitter.com/XvIrNBxMwQ
— Lambertus Cornelius (@lambertusc) June 29, 2022
Традиционалниот десерт на јагоди со шлаг оваа сезона чини малку повеќе од 300 денари. И покрај високите цени, трибините на Вимблдон се полни, а навивачите кои може да си дозволат да ги платат тие цени, уживаат во секој момент од тениската игра.