Руските и белоруските тенисери и тенисерки ќе настапат на претстојниот гренслем-турнир Вимблдон, но притоа ќе мора да почитуваат одредени правила кои им ги наметна организаторот, објави Би-би-си.
Тенисерите не смеат да даваат поддршка на руската воена инванзија врз Украина, како ниту да им даваат поддршка на рускиот и белорускиот претседател, Владимир Путин и Александар Лукашенко.
Исто така не смеат да носат или да бидат видени со каков било предмет (симбол, знаме, слика) со кој би можеле да дадат поддршка на војната во Украина.
Тенисерите и тенисерките не смеат да добиваат финансиски средства од државите или од компаниите на чие чело се лица кои се наоѓаат под санкции.
Исто така, тенисерите и тенисерките не смеат да носат дресови од руски или белоруски спортски воени клубови.
Овие правила важат и за тренерите на тенисерите и тенисерките. На трибините ќе биде забрането истакнување руски и белоруски знамиња.
Минатата година руските и белоруските тенисери и тенисерки беа суспендирани поради војната во Украина, а годинава за да можат да настапат, мора да потпишат изјави за неутралност.
Најпрестижниот тениски турнир ќе се игра од 3 до 16 јули.