15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Вимблдон му се поклони на Новак Ѓоковиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ останува на 10 финалиња на Вимблдон, откако во полуфиналето загуби со максимални 3-0 од Јаник Синер. Србинот беше финалист на последните шест изданија, а Вимблдон го освојуваше седумпати, што е за еден трофеј помалку од рекордерот Роџер Федерер.

Откако стана јасно дека нема да игра во финалето, на социјалните мрежи се огласи и организаторот на турнирот, кој му се заблагодари за се што прикажа на теренот.

„Беше задоволство да се гледа твојот тенис на Вимблдон оваа година, Новак. Честитки за твојот пат на Вимблдон оваа 2025 година.“ – напишаа од Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести