Вимблдон останува без препознатливиот симбол кој го красеше овој турнир цели 148 години

Вимблдон кој се смета за бастионот на тениската традиција, губи уште еден препознатлив симбол. По 148 години, линиските судии заминуваат во историјата. Современиот тенис се менува – станува побогат и технолошки понапреден.

Додека на Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на САД веќе некое време целосно се префрлија на системот за електронско повикување на линија (ELC), Вимблдон се обиде да се спротивстави на технологијата и иновациите.

Сепак, во октомври имаше објава дека резултатите од експериментот ги убедиле лидерите на британскиот тенис, а неодамна имаше и официјална потврда дека технологијата „победи“.

Сали Болтон, извршен директор на тенискиот клуб „Ол Ингланд тревник“, изјави дека од 2025 година има целосен премин на електроника.

„ Тоа е неизбежен пресврт на настаните. Откако ги анализиравме резултатите од тестовите за време на минатите турнири, одлучивме дека технологијата е доволно сигурна за да ја преземе оваа клучна функција – рече Болтон.

Интересно е дека на Вилблдон нема да бидат отпуштени сите 300 линиски судии. Ќе останат 80 линиски судии во улога на „асистенти на мечот“. Во класична брла опрема со сини јакни, тие судии ќе помагаа во случај да се расипе технологијата. По двајца такви судии ќе има на секој меч на 18-те терени на Вимблдон.

По оваа одлука на челниците на Вимблдон, единствен гренд слем турнир кој останува со линиски судии ќе биде Ролан Гарос. Тоа е турнирот кој се игра на земја, па многу полесно може да се процени дали топката е во аут или не затоа што се остава трага на земјената подлога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести