Многу работи на еден од најпрестижните тениски турнир во светот, Вимблдон се имаат променето во изминативе две децении, но една остануав непроменета. Тоа е дека Новак Ѓоковиќ доаѓа во Лондон и секогаш го поминува првото коло.
На официјалната страна на социјалните медиуми на Вимблдон, споделен е еден факт, а тоа е дека од 2005 година до сега, Ѓоковиќ секогаш го поминува првото коло. Така беше и овојпат која Србинот со 3:1 во сетови беше подобар од Французинот Милер.
„Одличност и долговечност. Новак Ѓоковиќ е непоразен во натпреварите од првото коло на Вимблдон од своето деби во 2005 година – пишува во соопштението за Вимблдон, заедно со фотографија од српскиот тенисер од секоја година
Единствено нема фотографија од 2020 година, кога Вимблдон не се играше поради пандемијата со Коронавирусот.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ денеска игра меч од второто коло против Еванс кој е на 154 место на АТП листата. Иако Србинот е апсолутен фаворит, интересно е дека Еванс го има победено Ѓоковиќ во нивниот досегашен единствен меч, а тоа беше на турнирот во Монако во 2021 година, кога Британецот славеше со 2:0 во сетови.