-1.2 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Винисиус беше исвиркан од фановите на Реал, па ја смени профилната слика на Инстаграм

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, беше заменет во 83-тата минута на синоќешниот меч со Севилја на кој ја носеше и капитенската лента, а додека го напушташе теренот, дел од навивачите на Реал Мадрид го исвиркаа Бразилецот, иако имапе и такви кои го поздравија со аплауз.

На последните 17 натпревари (за клубот и репрезентацијата), Винисиус не постигна ниту еден гол, а имаше само три асистенции. Публиката не е задоволна од неговите игри, но и покрај тоа е редовно во почетниот состав и игра речиси цело време, иако без ефект и голем придонес. Плус тоа преговорите со Рреал околу нов договор се заглавени. 

Кога ќе го повлечат од игра, се лути, а синоќа не гестикулираше јавно, но пораката ја испрати од соблекувалната. Брзо после мечот, тој објави фотографија покрај која имаше ставено три точки, а ја смени и профилната слика. Вини ја избриша својата слика како држи дрес на Реал Мадрид и ја замени со друга на која игра за својата репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести