23.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Винисиус даде гол за победа која на Бразил му го визираше местото на завршницата на СП 2026 (Видео)

Репрезентацијата на Бразил на свој терен во Сао Пауло минимално со 1:0 славеше над Парагвај и на тој начин си го обезбеди местото на завршицата на Светското првенство кое ќе се игра следната година во САД, Канада и Мексико.

Винисиус јуниор беше стрелец на единственот гол, и тоа пред крајот на првото полувреме. Со оваа победа Бразил стигна до 25 бодa од 16 кола и тоа е сосема доволно на две кола до крајот од квалификациите Кариоките да го прослават обезбедувањето мундијалска виза.

Овој меч е посебен и за новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, кој по вторпат го водеше националниот состав на петкратниот светски првак и стигна до првата победа.

Освен Бразил, место на Светско првенство обезбеди и Еквадор, иако играше нерешено без голови на гости кај отпишаниот Перу. Еквадор, исто како Бразил, има 25 бода и тоа е доволно да биде релаксиран во последните две кола од квалификациите.

Голема работа заврши и Уругвај, кој со 2:0 ја победи Венецуела. Во двете полувремиња домашните фудбалери постигнаа по еден гол и сега имаат 24 бода, шест повеќе од Венецуела, која е на седмото место, кое води во баражот за пласман на СП.

Актуелниот светски првак Аргентина, која претходно имаше обезбедено место на СП, на свој терен одигра нерешено 1:1 против Колумбија. Луис Дијас погоди за водство на Колумбија во 24-тата минута, а Гаучосите се спасија од пораз со погодокот во 81-вата минута, кога погоди Алмада. Интересно е дека Аргентина од 70-тата минута беше и со играч помалку по исклучувањето на Енцо Фернандес.

- Оглас -

Најнови вести