Панелот за технички набљудувачи на УЕФА го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жунио, за играч на сезоната 2023/24 во Лигата на шампионите.
Винисиус сезонава даде шест гола, вклучувајќи го и оној од финалето, со кој ја запечати победата на Реал и стана прв Бразилец кој постигнал гол во две финалиња на ЛШ.
Најдобар млад играч е Џуд Белингам од Реал Мадрид, а за најубав гол сезонава е прогласен погодокот со волеј на Федерико Валверде од Реал на мечот против Манчестер сити во четвртфиналето за 3-3 на спектакуларниот дуел во Мадрид.
Избран е и идеален тим на сезоната, а во него го нема Килијан Мбапе, кој беше прв стрелец заедно со Хари Кејн (двајцата постигаа по осум голови).
Тимот изгледа вака: Кобел (голман), Матсен, Хумелс, Ридигер, Карвахал (одбрана), Витиња, Забицер, Белингам (среден ред), Фоден, Винисиус, Кејн (напад).