2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Винисиус е целосно скршен – Бразилецот не може да верува што дочека (Видео)

Реал Мадрид се врати на победите откако со 2:0 славеше над Леванте на „Сантијаго Бернабеу“, но една од најголемите ѕвезди на Кралевите, немаше многу причини да биде среќен. Винисиус јуниор се повеќе е на мета на навивачите на Реал Мадрид, кои се почесто го исвиркуваат кога Бразилецот ќе ја добие топката во свој посед.

Пред почетокот на мечот против Леванте, Винисиус доживеа емотивен крах, откако навивачите од трибините му свиреа дури и за време на загревањето. Додека фудбалерите се подготвуваа да истрчаат на теренот, Винисиус тажно седеше, покривајќи го лицето со своите раце.

Го тешеа Килијан Мбапе и кондицискиот тренер на тимот, Антонио Пинтус, но Вини остана тажен.

Свирежите наменети за Винисиус продолжија и откако започна средбата.

Бразилецот сезонава не е ни бледа сенка од тоа што го играме минатата сезона. Сега е далеку од препознатливата форма, а Килијан Мбапе е главен играч на теренот. Винисиус има договор со Реал до 2027 година, а се прават преговори за продолжување на соработката.

Проблем е што играчот бара плата од 30 милиони евра, а Реал му нуди 20 милиони евра месечно.

 

- Оглас -

Најнови вести