Винисиус е во страшна гол-форма, а Реал Мадрид го победи Елче (ВИДЕО+ФОТО)

Винисиус Жуниор е еден од најдобрите поединци во Реал Мадрид за оваа сезона. Младиот бразилски напаѓач со два погодоци му донесе победа од 2:1 на кралскиот тим, овој пат против Елче.

Тој, во првиот дел круниса една прекрасна акција во 31. минута, по одличната асистенција на Маријано Дијаз.

Вториот гол беше во 73. минута, по која повторно, брзиот Бразилец ја надмудри домашната одбрана. Конечниот резултат беше дело на Пере Мила 86. минута.

Со овој учинок, популарниот Вини дојде до бројката од седум погодоци во оваа сезона, имајќи повеќе од претходните две каде што заедно искомбинира шест голови, на 64 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести