Ѕвездата на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Винисиус, уште еднаш ја покажа својата шеговита природа.
Бразилецот реши да се преправа дека е восочна фигура пред посетителите на музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк, каде наскоро ќе има и вистинска негова фигура од восок.
Облечен во репрезентативниот дрес на неговата земја и со топка во рака, тој стоеше во замрзнати пози и ги измами луѓето кои мислеа дека е восочна фигура. Многумина од посетителите сакаа да се фотографираат за спомен, но набргу откако му пришле, тој почнмуваше да се смее. Ова ги запрепасти некои од луѓето, но сепак го прифатија трикот.
#ICYMI: @vinijr surprised fans in style by posing as a wax figure at Madame Tussauds New York https://t.co/6UrysSnKeP pic.twitter.com/DavGHJdkRs
— Madame Tussauds USA (@TussaudsUSA) July 16, 2024