Реал Мадрид е безгрешен во шпанското првенство и има шест победи во шест средби. Синоќа на гостувањето кај Леванте, Реал победи убедливо со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Винисиус Јуниор, кој погоди за 1:0 нешто пред истекот на 30-тата минута.
Погодокот на Винисиус беше посебно убав, а Бразилецот откри дека неодамнешниот соиграч Лука Модриќ го научил така да шутира.
„Модриќ ме научи така да шутирам. Тој многу ни недостасува во екипата. Овој тип на шут ми одговара и се надевам дека ќе можам да продолжам да постигнувам вакви голови. Ова е еден од моите најубави голови и не мислам дека сум постигнал ваков гол порано. Ова е прекрасен гол и многу сум среќен со него, со натпреварот и со победата“, рече задоволниот Винисиус.