3.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Винисиус и Мбапе го вратија Реал Мадрид на победничките патеки (Видео)

Реал Мадрид се чини дека брзо го заборави дебаклот од градскиот ривал Атлетико и им се врати на победите во Ла Лига со триумф над Виљареал од 3-1 на домашен терен.

Тоа значи дека „кралевите“ најмалку 24 часа ќе бидат лидери со два бода пред Барселона, која својот меч од осмото коло против Севиља го игра во недела.

Реал Мадрид на мечот против Виљареал дојде во водство преку Винисиус во 47-мата минута, а истиот фудбалер во 69-тата минута зголеми на 2-0 од пенал.

Следуваше гол за Виљареал, кој го постигна Микаутадзе во 73-тата минута, но гостите само четири минути подоцна останаа со играч помалку. Конечните 3-1 за Реал Мадрид ги постави Килијан Мбапе во 81-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести