6.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Винисиус и Мбапе се опасни во напад бидејќи се одморени, не трчаат и не помагаат во одбрана

Искуснот шпански тренер Хосе Луис Мендилибар, кој го води Олимпијакос, додека го анализираше поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, даде една интересна изјава во врска со напаѓачкиот двоец на Реал, Винисиус и Килијан Мбапе.

Мбапе даде дури четири гола, но и Винисиус беше многу опасен и имаше две асистенции.  

„Тие постигнуваа голови со многу малку напор. Сфаќате дека играте против најдобрите во светот. Постојат две страни за играта на Винисиус и Мбапе. Двајцата во нападот многу нè повредија, но тоа е така и затоа што многу одмараат кога ние ја имаме топката. Другите осуммина се оние кои се обидуваат да се одбранат и да трчаат. Кога ќе ја добијат топката, Мбапе и Вини се свежи за трчање, играат еден на еден и многу се опасни“, изјави Мендилибар. 

- Оглас -

Најнови вести