Винисиус испрати порака по освојувањето на второто место за Златната топка

Винисиус до денеска напладне се гледаше како освојувач на Златната топка, многумина го сметаа за „сигурен“ победник, но за него и голем дел од светот шокантно делуваше сознанието дека не тој, туку Шпанецот Родри е победник во гласањето на новинарите.

Во Бразил чекаа по 17 години (Кака во 2007 е последниот Бразилец со Златна топка) конечно пак за најдобар на светот да биде прогласен нивен сонародник, но тоа не се случи.

Во Реал Мадрид толку многу се налутија, што никој од кај нив не замина на церемонијата во Париз, а Винисиус, кој го освои само второто место, вечерва се огласи преку социјалните мрежи.

„Ќе го направам тоа десетпати ако е потребно. Тие не се подготвени“, беше пораката на крилниот напаѓач на Реал.

- Оглас -

Најнови вести