Винисиус изнуди пенали и ги претвори во голови, Реал се искачи на врвот (Видео)

Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад со убедливи 4-1 во натпревар од 24-то коло во Ла Лига.

Со оваа победа, Кралевите се искачија на првото место со 60 бодови, два повеќе од Барселона, која својот меч од ова коло ќе го одигра за два дена против Жирона.

Во центарот на вниманието на „Сантијаго Бернабеу“ беше Винисиус јуниор, кој избори два пенали и двата ги претвори во голови.

Реал поведе уште во петтата минута, кога Трент Александер-Арнолд центрираше од десната страна, а Гонзало Гарсија се снајде најдобро во шеснаесетникот и погоди за 1-0.

Реал Сосиедад израмни од пенал во 21-та минута, откако Хаусен го фаулираше Јанхел Ерера, а сигурен реализатор беше Микел Ојарзабал.

Само седум минути подоцна, Винисиус повторно го донесе водството за Реал од белата точка, по контакт со Арамбуру. Во 31-та минута, Федерико Валверде со прецизен удар од работ на шеснаесетникот зголеми на 3-1.

Во 48-та минута беше досуден уште еден пенал за домаќините по нов прекршок над Винисиус, а Бразилецот повторно беше сигурен реализатор за конечни 4-1.

- Оглас -

Најнови вести