Винисиус ја искина мрежата на Барселона, но Каталонците возвратија со „блок“ гол (Видео)

Барселона и Реал Мадрид играат 1:1 по првото полувреме во полуфиналето на Супер купот на Шпанија. Дуелот се игра во Ријад, Саудиска Арабија, што е прв официјален меч кој го играат најголемите ривали надвор од Шпанија.

Реал Мадрид започна подобро и Кралевите тоа го крунисаа со голот на Винисиус Јуниор во 25-тата минута.

Барселона не се збуни по негативата и на четири минути пред крајот на првиот дел со погодокот на Лук де Јонг израмни на 1:1. Де Јонг одлично инстиктивно реагираше и практично тој блокираше удар на еден од играчите на Реал, а топката која се одби, заврши во мрежата на мадриѓаните.

 

- Оглас -

Најнови вести