27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Винисиус јуниор е страв и трепет за Осасуна, ќе биде чудо ако Бразилецот не даде гол

Реал Мадрид вечерва на својот „Сантијаго Бернабеу“ ја започнува новата сезона во Примера дивисион. Минатата сезона Кралскиот клуб ја заврши без ниту еден освоен трофеј, па јасно е дека главен предизвик во новата сезона е да се донесат нови трофеи во клупските витрини.

Деби на тренерската клупа во шпанското првенство ќе има Чаби Алонсо, стратег кој негува офанзивен фудбал. Во подготвителниот период Реал играше со тројца напаѓачи, што значи дека може да се очекуваат мечеви со многу голови.

А кога се работи за дуелите меѓу Реал и Осасуна, тогаш во фокусот е Винисиус јуниор. Бразилскиот голгетер едноставно ужива да игра против тимот од Памплона, па на последните четири меча има постигнато дури седум гола.

Винисиус минатата сезона на „Сантијаго Бернабеу“ постигна хет-трик во победата од 4:0, додека во двата меча одиграни пред две сезони, Винисиус постигна два гола на гостувањето во победата од 4:2, како и еден гол во триумфот дома од 4:0.

Вкупно Винисиус јуниор има постигнато осум голови во дуелите со Осасуна. Само против Валенсија, Бразилецот има дадено повеќе голови на еден тим, вкупно девет, што значи ќе биде предизвик за голгетерот да стигне и до овој скор.

- Оглас -

Најнови вести