9.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Винисиус јуниор ги соопшти новите барања за да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид ја доби новата понуда на Винисиус jуниор за продолжување на договорот со клубот. Преговорите за нов договор се во полн ек бидејќи тековниот договор на бразилскиот напаѓач влегува во последните 18 месеци.
Според информациите на „Атлетик“, Вини очекува вкупен финансиски пакет од околу 26 милиони евра нето, што вклучува основна плата, бонуси и премија за лојалност.

Во моментов Винисиус заработува приближно 15,4 милиони евра годишно. Почетната понуда на Реал Мадрид, околу 17,2 милиони евра, беше одбиена од страна на Бразилецот.

Преговорите продолжуваат, а раководството се надева дека Винисиус ќе ја омекне својата позиција и ќе ги намали сегашните барања. Посредниците во разговорите предложија компромисна варијанта за годишна плата од околу 20 милиони евра.

Сепак, според некои извори, бразилскиот фудбалер не е сосема задоволен по доаѓањето на Чаби Алонсо во клубот, што е една од причините за неговото одбивање да го продолжи договорот. Се шпекулира дека тој е подготвен да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ доколку добие доволно атрактивна понуда.

- Оглас -

Најнови вести