10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Винисиус јуниор ќе носи копачки на кои ќе го има името на ѕвезда од Барселона

Винисиус јуниор, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, е подготвен да направи потег кој сигурно нема да им се допадне на навивачите на Кралскиот клуб. Бразилецот реши на еден од следните мечеви да носи копачки на кои ќе биде испишано името на Салме Параљуеро, една од најдобрите фудбалерки на Барселона.

Иако се работи за фудбалерка од женскиот тим на Барселона, фановите на Реал Мадрид сигурно нема лесно да му простат.

Винисиус едноставно „мора“ да ги носи тие копачки затоа што се работи за дел од кампања на „Најки“, во која тој учествува заедно со ѕвездата на женскиот тим на Челзи, Лорен Џејмс, сестра на капитенот на машкиот тим на лондонскиот тим, Рис Џејмс.

Како дел од кампањата на „Најки“, Џејмс креираше персонализирани фудбалски копачки кои му ги испрати на Винисиус, кој ќе ги носи на еден од неговите претстојни натпревари.

Винисиус објави фотографија од копачките и му се заблагодари на Џејмс, а навивачите веднаш забележаа важен детаљ на нив. Покрај името Џејмс, копачките го имаат и името Паралуело, што навивачите на Реал Мадрид не го сакаат.

- Оглас -

Најнови вести