Винисиус јуниор со два гола му донесе победа на Реал Мадрид против градскиот ривал Атлетико Мадрид (3-2), но тоа за што се зборува е неговата одмазда кон тренерот Диего Симеоне. Тој го провоцираше при излегувањето од игра.
„Флорентино ќе те исфрли од клубот. Запомни што ти реков“, во јануари викаше тренерот на Атлетико, Симеоне, кон Винисиус.
Два месеца подоцна следуваше одмазда од ѕвездата на Реал. Тој постигна два гола во дербито (3-2), а при излегувањето од игра реши да му се одмазди на аргентинскиот стратег.
При излегувањето од теренот, Вини намерно помина покрај тренерот на Атлетико и му дофрли нешто, поради што Симеоне реагираше.
Vinícius celebrando la victoria en la cara de Simeone.
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) March 22, 2026
ES MARAVILLOSO 😍😍😍😂😂😂pic.twitter.com/IqAscTPEYv
Тренерот на Атлетико гестикулираше кон судијата дека Вини прави нешто што не би требало, но немаше реакција, а Симеоне не зборуваше за инцидентот по натпреварот бидејќи ситуацијата помина прилично незабележано.
Сепак, јасно е дека ова е директен одговор на бразилскиот напаѓач за зборовите што му ги упати Симеоне во јануари. На крајот Вини се смее последен.
Бразилскиот фудбалер имаше малку побавна најава на сезоната, останувајќи во сенката на Килијан Мбапе, а неговата статистика значително опадна во однос на претходните години.
Сепак, во последно време се разбуди. Тој беше херој на Реал на неколку натпревари во отсуство на Мбапе.
Ова му беше 28-ми натпревар во Ла Лига оваа сезона и единаесетти гол. Има и шест асистенции.

